Американски компании од медицината и ИТ заинтересирани за Македонија

Bez autora
Nov 21 2013

Американски компании од областа Минеаполис пројавија интерес за можностите за инвестирање во производство на медицинска опрема, компоненти за возила и информатичка технологија, на бизнис форумот одржан во Минесота од страна на владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. На Форумот, кој се одржа во соработка со трговската канцеларија на Сојузната Држава Минесота, економскиот клуб од Минеаполис, како и глобалната правна компанија Дорсеѕ амп; Њхитнеѕ ЛЛП, присуствуваа претставници на 40 компании. Делегацијата оствари и директни средби со претставници на неколку глобални компании со седиште во околината на Минеаполис, кои се занимаваат со производство на специјални возила, како и медицински производи.

Американски компании од медицината и ИТ заинтересирани за МакедонијаАмерикански компании од областа Минеаполис пројавија интерес за можностите за инвестирање во производство на медицинска опрема, компоненти за возила и информатичка технологија, на бизнис форумот одржан во Минесота од страна на владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

На Форумот, кој се одржа во соработка со трговската канцеларија на Сојузната Држава Минесота, економскиот клуб од Минеаполис, како и глобалната правна компанија Дорсеѕ амп; Њхитнеѕ ЛЛП, присуствуваа претставници на 40 компании.

Делегацијата оствари и директни средби со претставници на неколку глобални компании со седиште во околината на Минеаполис, кои се занимаваат со производство на специјални возила, како и медицински производи. На средбите економскиот тим имаше можност да ги презентира можностите за инвестирање во Македонија како и да се запознае подетално со производствените процеси на компаниите и нивните идни планови за експанзија на европскиот континент.

Минеаполис беше последен од неколкуте градови во Среднозападниот регион на САД кои ги посети делегацијата за време на ова инвестициско роуд-шоу.

Претходните денови беа одржани бизнис форуми и посети на компании во Кливленд, Индианополис и Милвоки. Дел од економскиот тим на ова инвестициско роудшоу кој го предводеше вицепремиерот Владимир Пешевски, беа министерот за странски инвестиции Бил Павлевски, директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, амбасадорот во САД Зоран Јолевски и економскиот промотор Дејан Величков.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik